Специјалитетот е на планинскиот готвач Џоко Ризов од Гевгелија, а вргањот е изникнатото богатство на Кожуф планина. Воздухот и вргањот се бесплатени, а вкусот и гастрономското уживање се незаборавни – ќе посакате пак да се вратите на планина, да наберете вргањ и да го подготвите едноставниот рецепт на Џоле.
Состојки:
– Свежо набрани печурки „вргањ“ кои изобилуваат на Кожуф,
– неколку главици лук,
– магданос,
– сол и црн пипер по вкус,
– масло за јадење и половина коцка путер.
Пропржете доволно на загреано тавче да поруменат парчињата исецкан вргањ и да Ве повикаат на вкусна гозба.
Вака ги прави мајсторот Џоле, во амбиентот на преубавиот Кожуф.
Добар апетит!