Примерок на шумска печурка со тежина од 2.025 грама или, 2,025 килограми е набрана денеска во Македонија.
Гордиот носител на најголемата набрана печурка во Македонија е Сашо Јузмев.
Тој денеска се пофали на светската група за печурки „Fungi of the World“ за својот рекорд поставувајќи ја печурката на вага на која стои и дигиталниот мерач за тежина кој покажува 2.025 грама, односно над 2 килограми печуркаста маса.
Вчера имаше нов свој рекорд со набрана печурка која тежеше 2.020 грама, односно 2 килограми и 020 грама. Но, денеска Сашо сам си го собори сопствениот рекорд.
Денеска Сашо го покачи рекордот на најголема набрана печурка од сортата „Вргањ“ и повторно се пофали на социјалните мрежи. Тој вели дека печурки само собира по планините, а не откупува и дека овие примероци се негов најголем „улов“ до сега годинава.
- „Печурки собирам веќе 25 години, од дете сум по планините. Собирањето печурки е интересна, но исто така и прилично тешка работа. Треба да се знае добро теренот, местата и времето кога „излегува“ вргањот. Годинашниот примерок од 2,025 килограми не ми е најголем. Сум набрал и печурка тешка 4 килограми. Инаку јас сум од Гостивар, а собирам печурки над Маврово, на надморска висина од околу 2.000 метри. Јас ги собирам и ги продавам. Од оваа работа може и да се заработи, а годишниот приход може да биде и до 3.000 евра“ – изјави за GevgelijaNet носителот на најголемиот набран вргањ од Македонија за 2024, Сашо Јузмев.
-
Честитки за рекордерот!
Чекаме такви рекордни примероци да ни’ испратат и берачите од нашиот Кожуф, колку да дознаеме колкави богатства раѓа планината Кожуф над гевгелиско.