четврток, 15, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

„Преку езерото“ – Сеќавање на Бранко, пливачот по кој се трагаше во разбрануваниот Дојран

Сеќавање на Бранко Караколев кого разбрануваното Дојранско езеро „го натера“ да го преплива езерото до брегот на грчка територија: „Се молев на Исус и Богородица да преживеам“

октомври 1, 2024
in OД НАШ АГОЛ, МОЗАИК, ФОКУС
„Преку езерото“ – Сеќавање на Бранко, пливачот по кој се трагаше во разбрануваниот Дојран
0
SHARES
4.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Дваесет и деветгодишниот жител на Нов Дојран Бранко Караколев е лицето по кое во невремето со силниот ветер во неделата трагаше екипа на Дирекцијата за заштита и спасување, а го најдоа на брегот на грчка територија.

Настанот се случи попладнето, кога силниот ветер со налети и до 70 км/час дуваше од северозападен правец и направи многу големи бранови во езерото во Дојран кои се движеа во насока југ/југоисток.

Бранко влегол во езерото со чамец да рибари околу 15:30 часот, за кратко време брановите се интензивирале и го одвлекле чамецот во поголеми длабочини.

  • „Јас влегов со чамец да фаќам риба и кога влегов ме фати силна бура, ветер јак и ме однесе сред езеро. Почнав да викам помош. Некоја жена ме слушнала и пријавила во полиција за помош, па почнале да ме барат со чамци, со двогледи, ама во исто време се запали депонијата во Стар Дојран и од чадот не можеле да ме лоцираат кај сум. Кога бев сред езеро во текот на силната бура ветрот и брановите ми го превртеа чамецот, а јас успеав да допливам до него. Продолжив да пливам држејќи се за чамецот. Успеав да ја соблечам облеката да не ми тежи при пливањето. Во 18:15 часот излегов на грчка страна од езерото, во трските. Не ми беше страв. Се радував што ја преживеав бурата во езерото, што го препливав и што сум жив“ – вака раскажува Бранко Караколев за трите часа поминати во разбрануваните води на Дојранското езеро.

Во еден момент бил среќен што е на земја, жив и свесен, а потоа го обземале чувства на студ и измешани емоции, се радувал што е жив, но премрзнат по мокри боксерки на ветрот, како што излегол на брегот.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/10/Video-Dojran-Gr.mp4

Сам, пеш, гол, само по долен веш, мокар, со исеченици по нозете од одењето преку трските, се упатил кон граничниот премин меѓу Грција и Македонија.

Related posts

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

мај 15, 2025
Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

мај 15, 2025
  • „Не ми беше страв. Адреналин ме маваше повеќе. Си велев „Морам да преживеам“. Се молев на Исус и Богородица да преживеам. Кога стасав на брегот некако емоционално се осетив како да ми се плачеше за се’ што поминав во езерото, ама не можев да пуштам ниту солза“ – раскажува за GevgelijaNet Бранко за својето патешествие во разбрануваното Дојранско езеро во неделата.

Стасал пеш до граничниот премин Дојрани на грчката територија. Овде го дочекал и тимот на ПС Дојран кои ја започнале процедурата за негово превземање во Македонија.

Со сите процедури, со документирање на настанот, со транспортот до Нов Дојран каде што живее, со помош на ПС Дојран, Бранко се прибрал дома дури околу 20-21 часот, (не определи точно, н.з.).

  • „Се уште сум во шок. Се сеќавам, во езерото ме фати нервоза, си викам „морам да преживеам, имам уште многу за живеење“ – се сеќава на настанот овој среќен патник преку езерото.
Бранко и разбрануваното Дојранско езеро, (архива од Фејсбук)

Бранко се спуштил во езерските води кај месноста Калдрма во Нов Дојран. Ветрот со северозападен правец развил големи бранови во езерото кои се движеле кон југ/југоисток во правец кон брегот на грчката територија од езерото. Во вода поминал триипол часа, малку како рибар, а три часа како пливач придржувајќи се за чамецот кого ветрот го превртел. Тој испливал на брегот, се вратил жив дома, а чамецот останал во Грција.

Овој млад жител на Нов Дојран имал среќа што го познава езерото, не му се исплашил на превртениот чамец и знаел дека ако продолжи да биде носен од брановите кон југ ќе стаса пак на брег, но на територија на Р.Грција. Имал среќа да го преплива „принудно“ езерото поради бурата, а имал и кондиција на искусен пливач како и секој жител на Дојран.

Нека е жив и здрав!

Наравоучение: Дојран не е море, езеро е, но знае да изненади кога ќе му се „с’снат“ ветровите од Беласица па удолу, па ќе го направат да изгледа како Зевс да влегол да се капе во него и се’ да разбранува.

Спасувачка акција во Дојранското езеро во текот на вчерашното невреме со ветер

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ССМ Трендафилов: Некоректно и нечовечки е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари

Next Post

Снег падна во Словенија

Next Post
Снег падна во Словенија

Снег падна во Словенија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Среќна Тодорова сабота – Празникот на љубовта

Среќна Тодорова сабота – Празникот на љубовта

1 година ago
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО  во  НОЕМВРИ

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО во НОЕМВРИ

6 месеци ago
ВИДЕО:  КОЛЕДАРСКИ  ХЕПЕНИНГ  2025

ВИДЕО: КОЛЕДАРСКИ ХЕПЕНИНГ 2025

4 месеци ago
Регулаторна одлучи – од 1 јануари поефтина струја во првиот тарифен блок, поскапа струја само во 3-от и 4-от тарифен блок

Регулаторна одлучи – од 1 јануари поефтина струја во првиот тарифен блок, поскапа струја само во 3-от и 4-от тарифен блок

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза
  • Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство
  • ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

мај 15, 2025
Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

мај 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist