Најдраматично е во општина Јабланица каде се стравува дека неколку лица загинале во поплави и одрони, а има голем број повредени и исчезнати лица. Според првите неофицијални информации се стравува дека неколку лица загинале во поплави и одрони, а има голем број повредени и исчезнати лица.
Според босанските медиуми, поради големите поплави и одрони е загрозена голема популација.
Урнат е патот и отсечен е дел од Бутуровиќ Поље и до повредените е тешко да се пристапи. Во градот Острожац се урна железничка пруга.
Горската служба за спасување ги повика граѓаните да повикаат помош за нив и за пожарникарите поради поплавите предизвикани од обилните врнежи синоќа.
Од Противпожарната станица Јабланица велат дека општината е целосно блокирана. За несреќата и паниката кај луѓето да биде уште поголема, во текот на ноќта оваа општина беше погодена од земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил во близина на Јабланица, на 38 километри од Мостар, а бил почувствуван и во Сараево.
Граѓаните коментираатна ЕМСЦ дека силно се тресело и имало силен звук.
Повеќе лица се исчезнати. Во поплавите кои настанаа поради обилни врнежи има и многу повредени лица. Повеќе населени места се отсечени поради свлечишта, одрони и урнати патишта и мостови Излеани се неколку реки и езера.
Службите со чамци во Јабланица спасуваат луѓе. Патот, телефонската и интернет врската се во прекин.
На магистралниот пат Коњиќ-Јабланица-Мостар, како и на други патни правци има бројни одрони од земја или камења на коловозот, поради што сообраќајот беше во прекин.