Јубилејното 20-те издание на „Скопскиот маратон“ се одржа денеска со рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Меѓу учесниците беа и 18 атлетичари од Гевгелискиот АК „7 Ноември“.
На месец дена пред својата празнична трка во Гевгелија, членови на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ не ги штедат силите – учествуваа на трките на „Визер скопски маратон“, кои се одржуваа во 4 категории.
Атлетскиот тим од Гевгелија зеде учество на маратонската раса д 42,2, километри, на полумаратонот со траса од 21,1 километар, и на трката од 5 километри. Четвртата категорија беше штафетна трка во која немаше учесници од Гевгелија.
Меѓу илјадницитее учесници со боите на АК „7 Ноември“ настапија:
Трка маратон 42,2км:
1. Крстовски Илиоски Борче – резултат 5:08:01
Трка полумаратон од 21,1 км:
1. Петровски Мики – 1:28:48
2. Арнаудов Кимо – 1.40.20
3. Прошевски Дарко – 1.41.30
4. Узунов Борче – 1.45.13
5. Дучков Андон – 1.48.33
6. Иванов Зоран – 1.50.32
7. Темелковски Благојче – 1.52.05
8. Ристов Драган – 1.58.08
9. Петков Живко – 2.15.08
10. Андреев Димчо – 2.16.49
11. Делиќ Ангел – 2.16.51
Жени полумаратон 21,1, км:
1. Узунова Валентина – 2.03.31
2. Анастасова Гордана – 2.26.59 (edited)
Трка на траса од 5 километри:
1. Радовиќ Драган – 31:47
2. Котев Ристо – 41:26
Жени 5 км:
1. Несторова Надица – 30:59
2. Несторова Тања – 30:59
На 20-тото издание на „Скопскиот маратон“ Кенијците беа најбрзи, а Ивановски и Поп Арсова најдобри македонски претставници.