Две девојќи од Гевгелија, две убавици Ана Брзанова и Кристина Делева утревечер ќе се натпреваруваат за титуата „Miss Universe North Macedonia“.
Ана е 24 годишна и веќе има зад себе искуство на изборите за убавина и искуство во моделирањето. Таа е носителка на неколку Мис титули: “Miss Frendship” од изборот “Miss Europe 2022” одржан во Бејрут, Miss Earth за Македонија, „Top model of the world“, „Miss Europe“, „Miss Globe“, „Miss Eurasia“, „Мiss Balkan“, „Miss Aura International“, „Beauty model“ и други. Витка и грациозна со своите 184 сантиметри висина не останува незабележана на модната писта, или изборите за убавина. Ана дипломира економија и менаџмент и успешно се снаоѓа во светот на модата и бизнисот.
Кристина е 20 годишна, висока 171 сантиметар, полна со оптимизам и насмевка за позитива. Да се присетиме – „Секој успех почнува со верба во себе“!
Во изборот за Мис Универзум на Македонија учествуваат 19 девојки од Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Неготино и Струмица.
На 8ми октомври ќе биде крунисана Македонската кралица Мис Универзум која со гордост и елеганција ќе го носи нашето знаме на светската сцена на 73-от глобален избор на убавина кој ќе се одржи на 16 ноември, годинава.
Победничката оваа година покрај тоа што ќе ја претставува Македонија на светскиот избор во Мексико Сити ќе потпише и годишен договор од 50.000€.
Среќно Ана! Среќно Кристина!