“СИТЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ,
РАДОСТ ДА СИ ПРУЖИМЕ,
ДА ИГРАМЕ, ДА ПЕЕМЕ,
ДОБРИНА ДА СЕЕМЕ!”
Ова го порачаа најмалите од Гевгелија
Со разигран ден на децата од детските градинки во Гевгелија и од населените места, со песни, танци, цртежи и пораки испишани за јавноста, заврши “Детска недела”, меѓународна седмица посветена на правата на децата.
Овие насмевки, рачиња, прстиња, цветови и сонца нацртани на градскиот плоштад во Гевгелија ќе останат потсетник за потребата од секојдневна грижа за најмалите и најмилите членови на нашата заедница, ДЕЦАТА!
Со љубов се расте, со добрина, другарство и посветеност се напредува!