Синоќа на свечена церемонија во Маакедонската опера и балет воСкопје се одржа спектакл на убавината со избор на „Miss Universe North Macedonia 2024“, избор кој за прв пат се одржува во Македонија.
Од 19-те девојќи кои конкурираа за титулата „Мис Универс за Македонија“ изборот на жирито беше круната да ја добие Теа Ѓоргиевска.
Теа е 21 девојка од Куманово, висока 180 сантиметри. Истата со добивањето на титулата се стекнува и со договорен аранжман од 50.000 евра, а нашата земја Македонија ќе ја претставува на глобалниот избор на Miss Universe што ќе се одржи во Мексико Сити на 16 ноември годинава.
Натпреварот за убавина, Мис Универзум на жените им овозможува да се истакнат не само со својата убавина, туку и со својата визија и вредности, а со кои можат да придонесат во општеството.
Крунисаната македонска убавица Теа ќе учествува во Мексико на 73. Избор за Мис Универзум каде заедно со уште 130 девојки од целиот свет ќе се бори за престижната титула за универзална светска убавица.
За титулата Miss се бореа и две убавици од Гевгелија, Ана Брзанова и Кристина Делева, како и девојки од Скопје, Битола, Велес, Куманово, Крива Паланка, Неготино и Струмица.