петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Спортска почит – Наместо помен одржан 20ти Меморијал „Димитар Кангов – Кангата“

Јубилеен 20-ти меморијал во спомен на прерано починатиот планинар, адвокат, сопруг и татко Димитар Кангов од Гевгелија кој ги сакаше планините и се спои со вечноста од висините на Кожуф, на 500 метри пред врвот Ѕена, пред повеќе од две децении, се одржа неделава на 10 октомври

октомври 9, 2024
in СПОРТ
Спортска почит – Наместо помен одржан 20ти Меморијал „Димитар Кангов – Кангата“
0
SHARES
117
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Членовите на ЗПСК „Кожуф“, и годинава го организираа традиционалниот јубилеен 20-ти Меморијал “Димитар Кангов – Кангата” 2024. Меморијалниот марш се одржа со искачување на највисокиот врв на Кожуф, врвот Зелен Брег, висок 2.166 м. во чест на долгогодишен член на овој планинарски клуб, Димитар Кангов – Кангата, кој пред повеќе од 20 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.

На меморијалот учествуваа 110 планинари, љубители на природата, ученици од основнoто училишта „Климент Охридски“ од Миравци и членови на планинарски спортски клубови од државата ПСК „Двете уши“, ПСК „Даб“ Дојран, „Ентузијаст“ Струмица, „Фри хајкерс“ Неготино, СПД „Пробиштип“ од Пробиштип и планинари од Прилеп.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Наместо помен планинарите со цвеќе и наклон ги споделија спомените за својот планинарски колега пред неговата спомен плоча поставена на неколку метри под врвот Зелен брег, местото каде Димитар на 500 метри до врвот од грчка страна испушти последен здив и се спои со вечноста. Беше чаршијски човек, градски лик, адвокат, познат со сите и отворен за совет за сите. Канцеларијата му беше во Старата градска чаршија во Гевгелија и оттука неговата ширина кон луѓето, еснафите околу него и широкиот прием за секој кој ќе му влезеше во канцеларија и побара совет, правен, животен.

Спомен плоча на Кангов на Кожуф планина
Учесниците на Меморијалот одаваат почит пред спомен плочата на Кангов

Пред шест години овој Меморијал освен во традиционалниот дневник на активности на гевгелиското планинарско друштво „Кожуф“ ставен е и во календарот на акции на ФПСМ (Федерација на Планинарски Спортови на Македонија ).

Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција, највисок врв на Кожуф е врвот Зелен Брег со своите 2.166 метри.

Развиорените клубски знамиња на планинарите се доказ за почит и другарски поздрав до човекот кој ги сакаше планините и природата и се спои со нив, пред 20 години, во незаборав.

ПСК „Даб“ и СПД „Пробиштип“ на граничниот камен на СФРЈ на Кожуф
Членовите на ПСК „Кожуф“ – и старо и младо на Меморијалот „Кангата“

Организаторот на Меморијалот, овде на врвот додели Благодарници на сите друштва и училишта кои учествуваа на овој јубилеен спортски настан. Меѓу нив беа и Јован Мандалов, најмалиот учесник на 6 годишна возраст, инаку член на ЗПСК „Кожуф“ и Танка Гаврилова највозрасната учесничка на Меморијалот, членка на ПСК„Двете уши“, која во својата зрело доба и понатаму е активен планинар.

Најмладиот учесник на Меморијалот, 6 годишниот Јован Мандалов доби Благодарница од организаторот
Благодарница за Танка Гаврилова, највозрасната учесничка на Меморијалот
Учениците од ООУ во Миравци со Благодарницата за учество на Меморијалот
ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешка сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Смоквица

Next Post

ВИДЕО: Беснеат торнада на Флорида – „Наутро ќе собираме тела“

Next Post
ВИДЕО: Беснеат торнада на Флорида – „Наутро ќе собираме тела“

ВИДЕО: Беснеат торнада на Флорида - „Наутро ќе собираме тела“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Приведен 42 годишен дилер од гевгелиско, пронајдена дрога

Приведен 42 годишен дилер од гевгелиско, пронајдена дрога

2 години ago
Одобрени 664.644 Евра од ЕИБ за општина Гевгелија

Одобрени 664.644 Евра од ЕИБ за општина Гевгелија

2 години ago
СРЕЌЕН БОЖИЌ !

СРЕЌЕН БОЖИЌ !

3 години ago
Вечерва започнуваат Летните олимписки игри во Париз со спектакл на Сена

Вечерва започнуваат Летните олимписки игри во Париз со спектакл на Сена

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist