Со пригодни свечености, дводневни спортски и културни настани општина Богданци го слави Денот на ослободувањето од фашизмот, 10-ти Октомври.
Најмасовен настан беа традиционалните „Улични трки“ на кои учество зедоа учениците од училиштат ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково и СОУ „Богданци“ кои се одвиваа низ централната улица во Богданци. Натпреварите беа поделени по возрасни групи, а така се прогласуваа и најдобрите, најуспешните.
Во конкуренција од над 100-на ученици-тркачи најбрзи беа:
I-IV година-машки
1. НАУМОВСКИ ХРИСТИЈАН
2. БРЉАМОВ ЈОРДАН
3. ПЕЕВ РИСТЕ
I-IV година-женски
1. ЈОВАНОВА НАТАЛИЈА
2. ДИМИТРОВА ПЕПИТА
3. ЕНЏЕКЧЕВА АНАСТАСИЈА
8-9 одд.-машки
1. ЈОВАНЏИКОВ ДИМИТАР
2. МИЛАНОВСКИ ДАНИЕЛ
3. ИВАНЏИКОВ СТОЈАН
8-9 одд.-женски
1. ПЕЕВА РУЖИЦА
2. РАШИЧ АНАСТАСИЈА
3. ФИРИЕВА МИЛЕНА
6-7 одд.-машки
1. КАРАКАБАКОВ АНТОНИО
2. АНГОВ МАКСИМ
3. ДАРИЈАН АРНАУДОВ
6-7 одд.-женски
1. ИВАНОВСКА МЕЛАНИ
2. ТАСЕВА ИВАНА
3. БОЈМАЛИЕВА АНАСТАСИЈА
Од спортските настани се одржа и Ревијален средношколски турнир во шах и рефијален натпревар во Футал, како и фудбалски натпревар помеѓу ветерани.
На шаховската табла се вкрстија потезите на ЈОВАН ГРАМАТИКОВ, ЈОСИФ ЗОЕВ, НИКОЛА ТАСЕВ, НИКОЛА НИКОЛОВ, РИСТО ТАНОВ и Државниот ПРВАК на Македонија во шах до 16 години ЕФЕ ИБРАИМОВ. Погодувате кој беше победникот – ЕФЕ, секако !!!
Во спортската сала „Млаз“ се одигра ревијален натпревар во футсал помеѓу екипите на СОУ „Богданци“ и СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Победничкиот пехар го понесоа гевгеличани.


Се одигра и натпревар во фудбал помеѓу ветераните на ФК „Вардарски“ и ФК „Дојранско езеро“ од Дојран.
На сите учесници на спортските натпревари помеѓу учениците градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов заедно со претседателот на Советот на општина Богданци им поделија заслужени медали, пехари, дипломи и награди.
Спортските активности беа во организација на Сојуз на училишен спорт и Општина Богданци.

Од културните настани доминираше одржувањето на Меѓународниот фолклорен фестивал „Распеани младости“ на кој настапија: ЈОУДК „Бранд Петрушев“ Богданци, ЗКУД „Бранд Петрушев“ Богданци, Фолклорна секција Стојаково, Узорна фолклорна група „Шчедрик“, Школе уметности Славут, од Украина, Кореографска група „Обериг“ при Школе уметности Славут, Украина, ФА „Мегдан“ Богданци, КУД „Негорци“ Негорци и КУД „Браќа Толеви“ Прдејци.
Денеска на празничниот ден одбележувањата продолжуваат со полагање свежо цвеќе на бистите на паднатите борци, свечена академија, а завршницата е со Музичка програма во Градскиот парк, вечерва, со настап на локални музички уметници.
СРЕЌЕН ПРАЗНИК БОГДАНЦИ!