Годинашниот 41-ви по ред Меѓународен меморијал во карате „Никола Грдановски-Ниќе“ собра над 400 натпреварувачи од земјава и странство и во оваа конкуренција младиот тим од КК „Дојран“ успеа да освои дури 9 (девет) медали и пехар.
Тимот составен од пет члена Христијан, Љупчо, Симона, Клаудио и Тина оствари двојни победи – не само што секој член од тимот освои медал во својата конкуренција, туку обезбедија и прво место како тим во категоријата „Кумите“ со победнички пехар за тимот. Освен тоа двајца членови освоија по 2, а највредната каратистка на теренот освои дури три медали.
Носителите на медали се следните:
1. ТИНА УПЧЕВА – освои ТРИ медали и тоа
🥇 ЗЛАТЕН медал за борба „Кумите“ до -27кг.
🥈 СРЕБРЕН медал во категорија „Кумите“ до +35кг.и
🥇 ЗЛАТЕН медал за КУМИТЕ ТИМ
2. ХРИСТИЈАН КРЕЧЕВ – Освои два медала
🥈СРЕБРЕН во категоријата „Кати“ и
🥉 БРОНЗЕН во категоријата „Кати“ во друга возрасна група.
3. КЛАУДИО ЈАНКОВСКИ – освои ДВА медала:
🥉 БРОНЗЕН медал за категорија „Кумите Опен“
🥉 БРОНЗЕН медал за категорија „Кумите Јуниори“
4. ЉУПЧО СТОИЛОВСКИ – освои 🥉 БРОНЗЕН медал во „Кумите“
5. СИМОНА ПАНОВА – освои 🥉 БРОНЗЕН медал „Кумите“
6. КУМИТЕ ТИМ ДОЈРАН – 🥇 ЗЛАТЕН медал за Љупчо, Симона, Клаудио и Тина.
Дојранската мала каратистка Тина Упчева се најде ВТОРА на севкупната Ранг листа на натпреваруваи по постигнати резултати и пласмани со освоени три медали и Пехар за член на најдобриот Кумите тим на турнирот, а тоа е КК „Дојран“. Тина се најде зад натпреварувачката Зенуни Ринеса од клубот „Фитуеси Феризај“ од Косово која на турнирот освои 4 златни 1 сребрен и 1 бронзен медал во 6 категории. Тина второто место го дели со Ахмти Елма од истиот клуб од Косово.
Турнирот „Никола Грдановски-Ниќе“ се одржа на 5 октомври во Скопје, во организација на Карате клубот „Металург“ од Скопје.
Честитки за медалистите од Дојран и за посветената тренерка Лилјана Упчева за покажаните резултати на нејзините ученици во КК „Дојран“.