Компанијата SpaceX на милијардерот Елон Маск успешно го лансираше од Тексас на својот петти пробен лет вселенскиот брод „Старшип“ („Starship“), најмоќната ракета на светот, а нејзиниот ракетен дел за прв пат успешно се врати на Земјата.
Ракетата „Super Heavy“ полета со вселенскиот брод во 7:25 часот по локално време од Бока Чика, Тексас.
Вселенскиот брод беше испратен во вселената во правец над Индискиот Океан, западно од Австралија, каде што ќе се обиде повторно да влезе во атмосферата и да слета на вода.
Ракетата „Super Heavy“ се одвои од „Starship“ на височина од 74 километри и се врати во истата област од која беше лансирана, каде што слета со помош на две роботски раце прикачени на лансираната кула.
Видеото е приказ на моментот на слетувањето дочекан со овации од публиката која го следеше директниот пренос на настанот.
– „Ова е апсолутно неверојатно!“ – извика инженерот на Спејс Икс, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Ова е поглед на враќањето на носачот од публиката во Тексас.
Ова е моментот на полетувањето на вселенскиот брод Старшип (Starship), најмоќната ракета на светот.
Еве и ретроспектива на вселенските бродови до сега. Ракетата „Starship“ висока 120 метри е најголем објект што некогаш летал на небото и во вселената. Фото: BBC
Видеа: Игор Војноски