Музичкиот миленик на сите генерации од Балканот, особено на младите, Тоше Проески, Загина на овој ден во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.
Музичката кариера ја започна на 15 години, а кариерата на популарноста во музиката ја започна со изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на „Скопскиот фестивал“ во 1999 година. Тогаш стана ѕвезда во Македонија, а подоцна неговата публика стана милионска со гостувањата и концертите во некогашните југословенски републики.
Следуваа бројни настапи и соработка со Балкански музички ѕвезди, композитори, текстописци, изведби на заеднички нумери во дует.
Во 2004 година беше пргласен за Амбасадор на добрата воља на УНИЦЕФ.
Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите!“
На денешен ден пред 17 години по кобната утринска вест во 06:30 часот за несреќата на Тоше плачеше цела Македонија.
Македонија беше во шок и неверување, фановите избезумени. Згасна жарот во очите на миленикот кој беше на чекор од старт на својата меѓународна музичка кариера.
Светло ти небо Ангелу!