Победничката на „Римини Фест“ во Италија Слободанка Арнаудова, позната по бројните настапи кај нас во Гевгелија и регионот, синоќа настапи на отворениот забавен урбан настан „Пиволенд“ во Скопје.
Локалната сцена после победата на интернационалниот фестивал во Италија и’ се шири со настапи и во македонската метропола.
Овде ја маѓепса публиката со моќниот глас и изведба на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Од публиката ги доби аплаузите и овациите. Да ја слушнеше наша Данче синоќа и Калиопи сигурно ќе беше горда и ќе ја гушнеше за поддршка.
Ја прашавме Слободанка како ја освои сцената и публиката во Скопје, а таа искрена, како спремна ѕвезда која ги цени медиумите, имаше цела една изјава:
– „Синоќа настапив на Пиволенд и сум многу исполнета дека ја освоив и таа сцена. Публиката се’ повеќе и повеќе расне затоа сум многу исполнета, со многу љубов и среќа. Луѓето таму беа многу весели и среќни кога го слушнаа мојот продорен глас.
Кога се наоѓам на сцена понекогаш и публиката ми дава емоции. Вчерашната публика на Пиволенд ми даде толку позитивна енергија од која добив голема самодоверба за од самиот почеток јас да немам трема и да дадам се’ од себе. Се претставив со песната “Црно и бело” – Калиопи“ – изјави Слободaнка.
Дали веќе нашето македонско девојче од Стојаково, минaтогодишна матурантка, меѓународна победничка во категорија соло настапи, Слободанка Арнаудова, за блиските и пријателите само Данче, стана дел од листата изведувачи на македонските продуценти за настап на забавни настани од јавен карактер? Ја прашавме Данче, а таа искрено ни’ одговори:
– „Пиволенд продукцијата пушти покана на мојата менторка Маја Зафирова за да учествуваат и нејзините ученици бидејќи го следеле нашиот успех што беше во Бугарија и Италија, со освоени први награди. Преку нашата менторка Маја Зафирова на Пиволенд синоќа учествуваа и Ангела Зафирова, Анастасија Зафирова, Ања Поп – Костова, Билјана Дуева и Ѓорге Митров со бендот.
Првата фестивалска вечер македонските довојчиња од Југот ја делеа сцената со Гуру Харе, групата „Малери“, дуото „Куку леле“, „The BACKDOOR Band“, „Дух“, „Вертиго“, „Паркети“ и нашите девојчиња: Слободанка, Анастасија, Ангела, Ања, Билјана и Ѓорге Митров.
Така, нашите девојки од Југот стаса на сцена заедно со уште 40 музички изведувачи од Македонија на 13-тото издание на најстариот пивски фестивал, Пиволенд. Настанот започна од средата 16 октомври и ќе трае до сабота 19 октомври, во паркот на Франкофонијата во Скопје.
Организатор е „Крафт“ Продукција.