четврток, 4, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

„ПАНКС БЕКЈАРД УЛТРА“ – Атлетска трка на издржливост по втор пат во Гевгелија

Гевгелија и Негорските бањи втора година по ред ќе бидат домаќини на „Панкс Бекјард Ултра“ - најуникатната атлетска трка во Македонија

октомври 18, 2024
in МОЗАИК, СПОРТ
„ПАНКС БЕКЈАРД УЛТРА“ – Атлетска трка на издржливост по втор пат во Гевгелија
0
SHARES
580
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија и Негорските бањи втора година по ред ќе бидат домаќини на „Панкс Бекјард Ултра“ – најуникатната атлетска трка во Македонија.
Минатогодишната трка ги надмина очекувањата на организаторот, бидејќи беше извонредно прифатена од сите учесници на голема радост, не само за организаторот, туку  и од спортистите и секако публиката која го следеше спортскиот настан.

„Punk’s Backyard Ultra“ е иновативната и предизвикувачка ултра маратонска трка, сместена во прекрасната природа околу Негорци на југот од Македонија. Трката е уникатна по својот формат, кој бара од учесниците да ја завршат патеката долга 6,7 километри во временскиот период од еден час, но трчајќи повторно и повторно следен круг се додека не остане само еден учесник, кој ќе се смета за победник на трката со истрчани најголем број на кругови.

Related posts

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025
Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

септември 3, 2025

За годинашниот втор УЛТРА настан пријавени се 70тина натпреварувачи од 5 држави, а очекувањата се дека неколкумина од нив ќе истрчаат најмалку 24 круга односно 24 часа и околу 170 километри.

Учесници на трката во декември 2023 на патеката во Негордски Бањи, Гевгелија

Ова е атлетска трка на издржливост, сила и воља и на истата почестите ги добиваат максимално подготвените спортисти кои секој атом од својата сила сакаат да ја потрошат на спортските патеки за да и4 самите го дознаат својот спортски врв.

Второто издание е закажано за време на викендот 19-20 Октомври 2024 со официјален старт во сабота во 14 часот и е во организација на здружението „ТРЕКС“ од Скопје, докажан организатор на најпопуларните планински трки во Македонија, а несебично помогнати од АК „7ми Ноември“ – Гевгелија, за спортскиот настан утре во Негорци, гевгелиско.

Атлетичари на АК „7ми Ноември“ беа учесници на Ултра-трката минатата година

Значајна новина оваа година, „Punk’s Backyard Ultra“ ќе биде домаќин на Националното првенство во ултрамаратонски трки во бекјард како дел од Светското првенство. Секоја држава одбира репрезентација од 15 луѓе кои ќе трчаат на бекјард организиран во својата земја, како дел од светското сателитско првенство кое ќе се одржува истовремено во 64 земји од светот. Ова е прекрасна можност за сите македонски ултрамаратонци да се натпреваруваат на домашен терен и да ја претстават Македонија преку својата издржливост, сила и волја.

Организаторот на трката ги повикува сите љубители на спортот да дојдат во Негорски бањи и да се придружат во бодрење на натпреварувачите.

Организацијата на „Punk’s Backyard Ultra“ воедно ги известува возачите на моторни возила и ги замолува за особена внимателност и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на регионалниот пат Р1102 помеѓу Негорци и Мрзенци кај (јужната) раскрсница за влез и излез во Негорските бањи поради тоа што учесниците на натпреварот ќе вршат преминување на патот на тоа место.

Јасеновата шума кај Негорските бањи се извонреден природен амбиент за тркачите, полна плуќа кислород за сила и издржливост

Викендот љубителите на спортско-рекреативни настани можат да се придружат и ги следат најдобрите атлетски сили од Гевгелија, од земјава и меѓународни тркачи и да се придружат на спортската еуфорија која Гевгелија и Негорските бањи ја доживуваат по втор пат, па редно е да посакаме ова да биде и традиционален спортски настан кај нас, на Југот од Македонија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Слободанка Арнаудова настапи на „Пиволенд“

Next Post

ВИДЕО: Ултра-маратонска трка “Панкс Бекјард Ултра” во Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: Ултра-маратонска трка “Панкс Бекјард Ултра” во Гевгелија

ВИДЕО: Ултра-маратонска трка "Панкс Бекјард Ултра" во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Априлијада 2023 – маски и детски насмевки

Априлијада 2023 – маски и детски насмевки

2 години ago
Повик за пријавување штети од вчерашното невреме во Општина Гевгелија

Повик за пријавување штети од вчерашното невреме во Општина Гевгелија

1 година ago
Тројца ракометари од југот станаа членови на кадетската репрезентација на Македонија

Тројца ракометари од југот станаа членови на кадетската репрезентација на Македонија

3 години ago
Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември

Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025
  • Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година
  • Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025
Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

септември 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist