УЛТРА Маратонска трка “Панкс Бекјард Ултра” по втор пат во Гевгелија и Негорските бањи
На стартот денеска истрчаа 55 маратонци од шест држави: Македонија, САД, Грција, Србија, Бугарија и Косово.
Атлетските сили на АК “7 Ноември” Гевгелија ги претставуваат Влатко Семенаков, Дарко Прошевски, Валентина Узунова и Методија Ичев.
Директорот на трката Дејан Крле за GevgelijaNet изјави дека најдобри услови за организација на овој спортски настан има во гевгелискиот регион, а овде ја добиле и несебичната поддршка од локалниот атлетски клуб „7 Ноември“ Гевгелија, без чија помош овој настан не би било можен.
Свое искажување има и Дарко Прошески од името на АК „7 Ноември“ како помагатели на спортскиот настан.