Октомври е месец на есента, месец на почеток на академската година, месец на преселбите на студентите во факултетските центри во државата. Искуството на младите личности за време на средношколските денови надвор од дома, на студентските денови во друго место на живеење секогаш упатува на самостојна организација на денот, на обврските, од утро до вечер, и настава, и живот, и прехрана, и сместување, и греење.
Како беше некогаш, во минатиот век, споделуваме пост на Петар Спасов:
- „На 15 годишна возраст од Мокриево во таква подрумска просторија го започнав средното образование во Струмица, оставен сам да се грижиш кога ќе станеш, што ќе јадеш, кога ќе легнеш,,,,
Би спомнал дека градот не изобилуваше со маркети, ресторанти и слично- неколку самопослуги со основни за живот производи и со строго ограничено работно време до 19 часот.
Слично беше и собата од мојот студентски живот во Скопје, а ништо поразлично и кај другите ученици или студенти…
Единствена алатка за меѓусебна комуникација беше ДРУГАРСТВОТО…
Таквото време создаде здрави личности- какви ќе создаде денешнивата нека Господ ни’ даде здравје да видиме!“ – пишува Петар Спасов на својот фејсбук профил.
Денес студентите се селат со свои мобилни телефони, компјутери, електрични тротинети, дури и автомобили, во градот каде одбрале да продолжат на повисоко ниво на образование. Колку се социјално блиски новите генераци од таа комуникациска удобност.
Да се живи и здрави!