петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Саво Спасеновски – највозрасниот учесник на Ултра-маратонската трка во Гевгелија

Има 69 години, а истрча 20 километри на ултра-маратонот „Панкс Бекјсрд Ултра“ кај Негорски бањи, Гевгелија

октомври 22, 2024
in СПОРТ
Саво Спасеновски – највозрасниот учесник на Ултра-маратонската трка во Гевгелија
0
SHARES
354
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ведар и позитивен, со лесно темпо на движење, со тркачка маица од „November Run Gevgelija“ таков го затекнавме на патеката кај Негорските Бањи Саво Спасеновски, највозрасниот натпреварувач на трката „Панкс Бекјард Ултра“, што се одржа викендов во Гевгелија.

Саво истрча три круга во должина од 6,7 километри, делница определена за 1 час трчање, а тој ги „пролета“ 20,11 километри севкупна должина за 2 часа и 55 минути.

Related posts

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025

Роден е 1955 година, има 69 години и немаше конкуренција во својата возраст на овој ултра маратон. Тој си е победник на генерацијата која не дозволува годините да ја спречат во активно рекреирање, па и спортување на републички и меѓународoни спортски настани.

Саво на патеката од ултра-маратонот кај Негорски бањи, Гевгелија
  • „Секогаш си велам: Ако можам јас, може и некој друг да трча и спортува, не за популарност туку за своето здравје“ – ни’ ја откри Саво својата мотивација да се натпреварува на маратонски трки.

Започнал со активно трчање на регуларни спортски настани од 2017 година, а пред тоа рекреативно. Со трчање започнал после наодот дека има холестерол во крвта. И, наместо диети и апчиња, тој се определил за спортување. Учествувал на официјални натпреварувања на долги маратонски стази:  Скопскиот полумаратон, на Софијскиот полумаратон, на маратонот на Матка, на Пелистер, на Галичица, учествуваше и на гевгелиските 7-мо ноемвриски трки „November Run Gevgelija 2023“ каде на трасата од 10 километри постави свој личен рекорд.

  • „Од дете сакав да трчам, особено го сакав фудбалот. Но, периодот на образование, професионалните обврски ме оддалечија од желбата да продолжам со фудбалот. Продолжив со рекреативно трчање но, дури пред 7 години започнав активно учество на регуларни трки што се организираат кај нас и во соседството“ – додаде нашиот соговорник.
Саво Спасеновски – највозрасниот натпреварувач на ултра-маратонот во Гевгелија 2024

Саво Спасеновски по професија е компјутерски програмер. Цел живот го поминал во Скопје, а по пензионирањето живее во Гевгелија на наследениот имот од своето семејство кое има гевгелиски корени по неговата мајка. Овде станал член на ШК „7 Ноември“ Гевгелија зошто бил актиен шахист во текот на животот, со ранг „фиде“ и 4-то пласиран на ниво на сениорско првенство 1977,  на РСМ.
Активно учествува и во акциите на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија.

Саво Спасеновски, роден 1955 година, трчаше во Гевгелија под реден број 55, на Ултра-трката беа пријавени 55 учесници, тој истрча 55-ти со време од 2:55 часа. Не можеше да се спаси од двете 5-ки кои го следеа на спортскиот настан во Гевгелија.

Можеби е знак дека му е пријатно во Гевгелија, овде му погодува климата, луѓето, роднините, спортските другарства кои ги стекнува, па и резултатите кои се отсликуваат и во неговото витално здравје иако се приближува на седмата декада од животот.

  • „Целта ми е ако можам да инспирирам и други да трчаат во корист на своето здравје. Ако можам јас, можат и други. Ако мене трчањето ми го подобрило здравјето, може да им се подобри и на други. Нема штета во спортувањето и рекреативното трчање. Само здравје и спортски дружења“ – порача Саво на крајот од нашиот разговор за GevgelijaNet.

Па, еве мотив до нерешителните рекреативци, да се пријавите за учество на 7мо ноемвриските трки во чест на ослободувањето на Гевгелија и да ја осетите атмосферата на натпреварувањата и здравиот срцев ритам во вашето тело.

Ј.Д.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Катерина Шиповиќ е ПОБЕДНИК на Ултра трката „Панкс Бекјард Ултра“ во Гевгелија

Next Post

ВИДЕО: Брачна слога, голема трговија

Next Post
ВИДЕО: Брачна слога, голема трговија

ВИДЕО: Брачна слога, голема трговија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ во големото финале на ЛОИ – сигурен носител на медал за Србија

Ѓоковиќ во големото финале на ЛОИ – сигурен носител на медал за Србија

9 месеци ago
ВИДЕО:  Македонката Даниела Алексовска е Европски Шампион во ММА

ВИДЕО: Македонката Даниела Алексовска е Европски Шампион во ММА

3 месеци ago
Физички нападнато лице во Гевгелија

Приведен дилер од Гевгелија

2 години ago
Гевгелискиот Црвен Крст и Royal Rangers Macedonia обезбедија хуманитарна помош за Турција и Сирија

Гевгелискиот Црвен Крст и Royal Rangers Macedonia обезбедија хуманитарна помош за Турција и Сирија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје
  • ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist