Изминатата недела 20.10.2024 во Битола, на патеката Смолево се одржа последната трка од Македонскиот Мотокрос Шампионат за годинава. Трката беше во организација на „Ендуро Тим Водно“ од Скопје со Мотокрос Федерацијата на Северна Македонија.
Патеката беше добро средена и намокрена речиси идеално. Натпреварот се одржа без повреди во ниедна класа, кое пред се’ е најбитно. А за останатото кажуваат резултатите.
Во класата МХ, Димитар Маџунков се закити со 3 место без никаков притисок од 4 пласираниот Милан Стојанов кој пак имаше борба за позиција во првите неколку кругови.
Во класата МХ 50, Драган Димов без никакви проблеми ја освои втората позиција на пидесталот.
Инаку, Димов (7 годишен) беше носител на Пехар за освоено второ место во класа МХ-50 на првата трка од мотокрос шампионатот на Македонија што се одржа во март годинава на патеката „Милци“ кај Гевгелија. Вората мотокрос трка од Шампионатот не ја возеше поради повреда на тренинг. Во неделата на патеката Смолево покажа дека повторно е во форма за освојување подиуми.
Во класата МХ2, Иван Цековски (1995) исто така се избори за втората позиција и со тоа стана Вице-Шампион во класата.
Следува пауза од трки исполнета со тренинзи до месец Март 2025 кога ќе стартува натпреварувачката сезона.