Вчера попладне, на 23.10.2024 во 17:05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна незгода.
Имено, лицето Р.И.(69) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општата болница“ во Гевгелија.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.