Crew-8 на SpaceX успешно се врати на Земјата во петокот, откако остана на Меѓународната вселенска станица (ISS) речиси осум месеци. Капсулата со екипажот падна со падобран пред зори во Мексиканскиот Залив веднаш до брегот на Флорида, откако се откачи од ISS кон средината на неделата.
Астронаутите кои беа на ИСС, тројца Американци и еден Русин – требаше да се вратат пред два месеци. Но, нивното враќање дома беше закочено поради проблемите со новата астронаутска капсула на Боинг Старлајнер, која се врати празна во септември поради безбедносни грижи.
Потоа се вмеша ураганот Милтон, проследен со уште две недели силен ветер и немирно море.
Четиричлениот екипаж, вклучувајќи ги Метју Доминик од НАСА, Мајкл Барат и Жанет Епс, и рускиот Александар Гребенкин, ја лансираа мисијата во вселената во март со ракета Фалкон 9 на SpaceX.
Видео пренос од атерирањето:
Тие поминаа вкупно 235 дена на вселенската станица, завршија повеќе од 3.700 орбити околу Земјата и спроведоа научни истражувања во вселенската станица.
Aстронаутот Мајкл Барат, е единствениот вселенски ветеран кој отиде во мисијата, и тој ги призна тимовите за поддршка дома кои мораа „да се препланираат, преуредат и повторно да направат сè како што треба заедно со нас … и ни помогна да се справиме со сите тие удари“.
Нивната замена се двајцата тест пилоти на Starliner Буч Вилмор и Суни Вилијамс, чија сопствена мисија траеше од осум дена на осум месеци, и двајца астронаути лансирани од SpaceX пред четири недели. Тие четворица ќе останат таму горе до февруари.