Вечерва кошаркарите на гевгелиски Кожув одиграа убедлива победа над екипата на „Тиквеш Голден Игл“ со резултат 85:64.
Гевгеличани имаа комплетна контрола, и над играта, и посебно над резултатот во текот на сите 40 минути од средбата против кавадарчани.
Кожув беше подобар противник од Тиквеш во првите 20 минути. Практично постојано беше водството на екипата од Гевгелија во тој дел од играта, а голема работа заврши одбраната на најдобриот гостински играч Грин, кој беше запрен на само седум реализации во првото полувреме.
Кавадарчани како да немаа доволно енергија да се обидат, и да се вратат „назад во натпреварот“ во салата „26 Aприл“ во Гевгелија.
Победата од 21 поени разлика против тимот на КК Тиквеш значи втора победа во Првенството и тоа доста висока.
Најефикасни кај „кожувци“ беа:
Caren Wilson со 24 поени, 3 скокови и 7 асистенции, потоа следуваше Андрија Стевановиќ со 16 поени, 9 скокови и 6 асистенции, Пилепиќ зад своето име запиша 14 поени, 5 скокови и 7 асистенции, Miles Howard натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок односно 13 поени и 16 скокови. Никола Бојчев запиша 7 поени , Колев 4, Караџовски и Букршлиев по 3 поени.
На табелата КК „Кожув“ во моментот е на 5-та позиција со 6 бодови, а на врвот со 7 боови е МЗТ Скопје Аеродром.
Кошаркарите задоволни, а публиката презадоволна од играта на своите кошаркарски миленици вечерва, во салата „26 Април“ во Гевгелија.