Два проекта за „Реконструкција со реставрација на Старата чаршија во Гевгелија“ и „Изградба на нов партер со замена на сите подземни инсталации во рамки на Старата чаршија во Гевгелија“ одобри Владата на РСМ, а општина Гевгелија потпиша договор за финансиска поддршка на три капитални проекти во Општината со средства од Министерството за локална самоуправа.
Третиот проект е наменет за „Целосна реконструкција на надпатник на влезот во Гевгелија“.
Вкупниот буџет што Општина Гевгелија го доби за реализација на трите проекти од Буџетот на РСМ изнесува 949.608 евра.
Средствата се доделени транспарентно преку Јавен повик од Министерството за локална самоуправа за подобрување на условите за живот во сите општини во Македонија, а на истиот Општина Гевгелија аплицираше со свои проекти. Посочените три добија зелено светло за реализација и финансиска поддршка од Буџетот на МЛС.