Ова 2 годишно девојче е граѓанка на општина Гевгелија. Се соочува со тешки последици од Енцефалитис – воспаление на мозокот, ако не замине брзо, брзо на лекување во странство.
За вакви тешки дијагнози со ригорозно нарушување на здравјето на нашите најмали пациенти од Гевгелија, Општината во минатите години донираше еднократна парична помош, и за Дамјан (2022), и за Емилија, и за Луна (2023). Се продаваа крофни, се организираа хуманитарни концерти.
Стврднавме ли во срцето луѓе?
Советот на Општина Гевгелија утре ќе ја одржи својата 49-та редовна седница, а ни една од предложените 24 точки на дневен ред не го третира животното прашање за Михаела.
И ова душичка сака да живее, да се радува, да игра. Големите луѓе треба да и’ помогнат.
Ако се чувствувате големи во срцето и ВИЕ ПОМОГНЕТЕ!