Совеста и добрата воља на гевгеличани во локалната власт проработе – Пред одржувањето на 49-та седница на Советот на општина Гевгелија се интервенираше со дополнителна предлог точка за одобрување средства за лекување на малата Михаела од с. Милетково, гевгелиско.
Сите 17 советници присутни на денешната седница од сите политички партиципиенти во локалната власт на Гевгелија ја прифатиле точката како дополнителна за работа на денешната седница.
Сите 17 членови на Советот на општина Гевгелија денеска гласале „ЗА“ одобрување на 300.000 денари од локалниот буџет наменски да бидат исплатени на донаторската сметка за лекување на Михаела Митровска во странство, Република Словенија.
Михаела има 2 години и со дијагнозата Енцефалитис се соочува од април годинава, а последиците од воспалението на мозокот можат да бидат штетни за нејзиното здравје и правилен развој.
Со добрата воља на добрите луѓе, 2-годишната Михаела е се’ поблиску да кајната цел – да ги обезбеди потребните 15.000 евра и да замине на лекување во Ури-СОЧА, во Љубљана, Словенија.
Гевгеличани мислат и на тебе девојче!
Ти посакуваме успешно лекување, брзо оздравување, да се вратиш дома насмеана, спремна за игра и да уживаш во безгрижното детство!
Вчера граѓаните реагираа за итноста од доделувањето помош на Михаела: