Викендов во Дојран, во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од ослободувањето на Дојран од фашистичкиот окупатор, ќе се одржи Вториот Интернационален карате турнир.
Организатор на ИКТ е Карате клубот „Дојран“ од Дојран со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија, Светската карате Федерација и Општина Дојран.
На турнирот своето учество го најавија девет држави со преку 500 учесници, каратисти. Судии на спортските дуели во сите категории се лиценцирани Интернационални карате судии од WKF.
Настанот е закажан за сабота 2 ноември, а карате вештините тимовите ќе ги презентираат во Спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран.
Од името на организаторот се обрати до нас Лилјана Упчева, тренер на КК „Дојран“ која најави богат спортски настан и учество на врвни карате спортисти на турнирот, како и карате ветерани кои сега своите знаења ќе ги употребат како судии на интернационалниот спортски настан.
Освен Македонија на ИКТ во Дојран учество ќе земат и карате тимови од Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Романија и Косово.
Богат спортски ден, со заслуга на неуморните организатори од КК „Дојран“ кои и минатата година организираа Интернационален карате турнир во своето место, на југот, не ограничувајќи ги своите спортски амбиции, иако зад себе имаа само 1,5 година „стаж“ како спортски клуб. Годинава имаат 2,5 години спортски „стаж“ во натпреварувања, освојувања на подиуми и трофеи и едно искуство повеќе во организацијата на Интернационалниот карате турнир, по ВТОР ПАТ во Дојран.
Среќно!