Со молитвен спомен со принесување на вино, жито и воспев за мир и спокој на починатите денеска попладне голем број на граѓани на Гевгелија ги посетија вечните почивалишта на своите блиски упокоени на градските гробишта во Гевгелија.
Денот познат како Митровденска задушница ги преполни пристапните улици кон гевгелиските гробишта.
Свештени лица од Гевгелискaта Парохија изведуваа молитвен спомен на гробните места на починатите, а помен парастасите беа изведувани во Манастирската Црква „Свети Спас“ во Гевгелија. Церемонијата започна во 15:30 часот.
Голема е болката за тие кои ги нема повеќе меѓу нас, а нивниот број се проширува со нови упокоени на кои се сеќаваме, зошто таков е животот, на земјата е конечен, на небото е вечен. За големиот број на граѓани кои утре ќе го испочитуваат денот Задушница, во сабота наутро ќе се изведуваат помен парастаси во црквата„ Св. Спас“ во Гевгелија, а свешнени лица ќе ги посетат гробните места заедно со роднините во 08:30 часот, за молитвени помени на упокоените.
Ако не сте ги посетиле вечните места на саканите денеска, тоа можете да го сторите утре. Доколку не сте во можност да го посетите местото каде почиваат можете молитвен помен да искажете со посета на најблискиот црковен храм и да запалите свеќа за покој на нивните души.
„Вечен спокој на починатите! Да им се најде таму на небото!“ се најчестите отпоздравувања меѓу потитувачите на Задушница.