четврток, 15, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Гоце Тасевски: „Фотографијата ми овозможува да ја претворам мојата љубов кон природата во визуелно изразување“

Интервју со младиот фотограф од гевгелиско Мрзенци, Гоце Тасевски - Очи во очи со убавините на Кожуф

ноември 2, 2024
in ИНТЕРВЈУ
Гоце Тасевски: „Фотографијата ми овозможува да ја претворам мојата љубов кон природата во визуелно изразување“
0
SHARES
520
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На младите им прилега да се љубопитни и да истражуваат, а кога тоа ќе се вклопи во продукт кој е прифатен од публиката станува мотив за нов предизвик, потрага, индивидуално дело. Таков младешки порив за истражување и творење откриваме во фотографските записи на нашиот сограѓанин Гоце Тасевски, жител на општина Гевгелија. Корисиците на социјалните мрежи се сведоци на многуте фотографии од Тасевски каде го овекувечува урбаниот животек во Гевгелија, убавините на Кожуф планина, а неодамна фасцинираше со фотографијата „очи во очи“ каде позер му е една млада срна. Се заинтересиравме за моментот „како да ја натераш срната да ти позира како за календар, со сета своја крхкост, втрештеност на секој шум, со срце на плашливец, а стои очи во очи наспроти објективот?“

GevgelijaNet: Како настана моментот на средбата со младата срна од Вашата последно објавена фотографија на социјалните мрежи?

Related posts

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

мај 7, 2025
ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

март 25, 2025

Гоце Тасевски: – „Деновиве, додека истражував нови предели на нашиот Кожуф, шетајќи низ тивкиот шумски пат, во еден миг, пред мене излезе една прекрасна срна. Се запрев во место, обидувајќи се да не ја исплашам. Природната убавина што ја носеше со себе беше едноставно магична.

Секое движење, секој поглед, секој момент ми делуваше како еден краток, но длабок спој со природата. Полека го зедов фотоапаратот и успеав да ја фотографирам во неколку кадри кои, се надевам, барем делумно го пренесуваат нејзиниот мир и грациозност. Моментите како овие се вистинско потсетување за природното богатство што го имаме тука, во нашата околина.

Гледајќи ја срната како бавно исчезнува во шумата, почувствував благодарност што ја доживеав оваа средба – токму како еден краток миг што ја враќа хармонијата меѓу човекот и дивината“.

Гоце Тасевски – „Очи во очи“ – средба со срна на Кожуф планина

GevgelijaNet: Дали на твоите прошетки секогаш носиш апарат и “ловиш” моменти, или ова беше случајна несекојдневна средба?

Гоце Тасевски: Секако, во секоја прошетка низ природата, фотоапаратот ми е верен придружник. Природата постојано ме изненадува со својата убавина и непредвидливост, и затоа не би сакал да пропуштам ниту еден момент од она што го нуди. Тоа не е само фотографија или фотографирање за мене; тоа е можност да ја зачувам и пренесам убавината на местата што ги чувствувам како свој дом, своја инспирација.

Освен личното задоволство, имам уште една цел: преку моите фотографии да ја пренесам магијата на Кожуф на сите оние кои можеби немале можност да ја искусат. Сакам да покажам дека оваа планина не е само пејзаж – таа е жив свет исполнет со мир и тајни кои само чекаат да бидат откриени. Преку фотографиите, се надевам дека ќе поттикнам кај другите исто толку љубов и почит кон ова природно богатство, за тие исто така да ја доживеат убавината и мирот што ги носи Кожуф.

Виножито на пат кон Кожуф

GevgelijaNet: Колку време траеше “запознавањето” со срната? Избега ли веднаш или почувствува дека си мирољубив посетител?

Гоце Тасевски: Средбата со срничката траеше неколку моменти. Таа излезе од шумата и застана токму пред мене, како да сакаше да ме процени и за тие неколку секунди почувствував дека ме прифати како мирољубив посетител. Дури и остана доволно долго за да ја фотографирам – нешто што не се случува често со дивите животни.

Беше неверојатен момент во кој природата ми дозволи да се доближам до нејзиниот свет. Потоа, со лесен и грациозен чекор, срната продолжи по својот пат, исчезнувајќи во шумата, оставајќи ме со чувството дека сум доживеал нешто посебно и ретко.

GevgelijaNet: Од кога се дружиш со фотографскиот апарат како начин на твое изразување?

Гоце во прошетка низ Кожуф

Гоце Тасевски: Со фотоапаратот се дружам од 2007 година, кога за првпат открив дека фотографијата и природата се совршен спој. Тоа беше момент кога сфатив дека преку објективот можам да го „уловам“ она што го чувствувам кон светот околу мене и да го претворам во нешто трајно.

Секоја прошетка низ природа, секоја глетка што ја гледам, станаа дел од мојата инспирација. Фотографијата ми овозможува да ја претворам мојата љубов кон природата во визуелно изразување, создавајќи приказни преку слики кои зборуваат за убавината и мирот што го наоѓам во нејзините недогледни предели.

GevgelijaNet: Имаш ли предели кои те инспирираат, или секоја добро вклопена поза на природата со своите феномени е твој предизвик пред објективот?

Гоце Тасевски: Секое парче природа – реки, ридови, котлини, врвови и долини – е моја инспирација. Нема конкретен предел кој го преферирам. Во секој пејзаж, природата носи нешто уникатно што го прави достоен да се овековечи.

Сепак, има нешто што ми го нарушува овој мир – ѓубрето што го оставаат несовесни граѓани. Овие сцени не само што ја уништуваат убавината на природните предели, туку претставуваат и деструктивен однос кон нешто што треба да го негуваме и зачуваме.

GevgelijaNet: Планираш ли изложба, овие убави твои фотографски средби со природата да ги претставиш пред пошироката публика?

Гоце Тасевски: Со секоја прошетка низ природните богатства, зачувувам по некоја необјавена фотографија која за мене има посебно значење. Тоа се моменти кои носат уникатна приказна, а јас сакам да ги зачувам токму за една идна изложба. Идејата ми е кога ќе бидам подготвен, тие фотографии да ги споделам со публиката како целина – едно патување низ природата, овековечено низ мојот објектив.

Кожуф планина, гевгелиско

GevgelijaNet: Дали фотографијата е твоја професионална определба, или хоби, кој навистина е фасцинантен.

Гоце Тасевски: Благодарам на комплиментите! Фотографијата сега засега е моја голема љубов и хоби кое ми носи посебно задоволство и инспирација. Иако моментално не ми е професионална определба, таа зазема значајно место во мојот живот. Но, фактот што во моментов ми е хоби не значи дека во иднина нема да стане и професија. Можеби ќе дојде ден кога ќе можам целосно да се посветам на неа, и тогаш тоа би било остварување на еден мој сон.

GevgelijaNet: Соништата се остваруваат ако верувате во нив. Продолжете да креирате и верувајте во нивните остварувања.

Ви благодариме што споделивте парче од вашата доловена убавина низ фотографиите кои ги создавате.

Кожуф во ноември

Ова е мал фото избор од убавините на Кожуф, низ објективот на Тасевски.

Гоце умее да го долови и градскиот ритам на Гевгелија во хармонија со природата. Следната фотографија покажува како авторот Месечината ја става во контекст на градскиот расветлен систем од канделабри, заедно танцуваат во ноќта со светлината која ја зрачат.

Танцот на Месечината со градската низа од канделабри – Автор: Г.Тасевски

 

Интервју: Ј.Д.

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгеличани им оддадоа почит на упокоените во пресрет на Митровденска задушница

Next Post

ВИДЕО: Втор Интернационален карате турнир во Дојрaн

Next Post
ВИДЕО: Втор Интернационален карате турнир во Дојрaн

ВИДЕО: Втор Интернационален карате турнир во Дојрaн

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

2 години ago
Пинг-понг турнирот „NEGORCI OPEN 2025“ викендов прерасна во меѓународен спортски настан

Пинг-понг турнирот „NEGORCI OPEN 2025“ викендов прерасна во меѓународен спортски настан

3 месеци ago
Гевгелија во февруари

Гевгелија во февруари

3 месеци ago
Донација од Музеј Гевгелија за штитениците од Дневниот центар Гевгелија

Донација од Музеј Гевгелија за штитениците од Дневниот центар Гевгелија

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза
  • Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство
  • ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

мај 15, 2025
Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

мај 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist