Четиринаесет атлетичари од гевгелискиот АК „7 Ноември“ вчера учествуваа на две трки во Грција: Полумаратонот во Термаикос („Тermaikos costal halfmaraton“) и планинската ултра трка на Олимп (Saut olimpus forest treil-Paleos Pantelis).
Во Термаикос се трчаа 4 трки: полумаратон од 21,1 километар, трка од 10 км, од 5 км и трка од 1 километар. Гевгелија имаше јунаци за секоја од натпреварувачките трки дури и за планинската трка во висините на Олимп во должина од 54 километри и висинска елевација од 2.800 метри.
Резултатите се за секоја пофалба, а ние ќе ги презентираме сите учесници и нивното постигнато време на трасата до Целта.
Полумаратонска трка на 21.1 километри, се организираше за прв пат во Termaikos-Nei Epivates, во ноќен термин. Ова се резултатите на гевгелиските учесници:
– Прошевски Дарко – време 1:51:48
– Ристов Драган – време 2:22:00
– Џопковски Славчо – време 2:10:43
– Дучков Андон – време 1:47:51
Трка на 10 километри:
– Прошевски Дарко – време 56:37
– Ристов Драган – време 56:37
– Узунов Борче – време 46:15
– Крајчева Александра – време 1:12:32
– Беќиров Никола – време 59:21
Трка на 5 километри:
– Ристов Драган – време 28:20
– Дојчинов Стојан – време 24:36
– Атанасова Марија – време 33:29
– Стоева Натка – време 31:16
– Пајдаков Петар – време 25:37
– Демерџиева Наташа – време 26:38 и освоено 6-то место во конкуренција жени
– Димков Влатко – време 30:21
Драган Ристов беше единствениот учесник од Гевгелија на трите планирани трки за возрасни во Термаикос, Грција: на полумаратонот од 21,1 км, на 10 и на 5 километри трка. Потроши 3 часа 46 минути и 57 секунди во трчање во еден ден, вчера, сабота, на стазите во Термаикос.
Честитки за маратонците.
Единствениот учесник на АК „7 Ноември“ на планинската трка на Олимп “Saut olimpus forest treil-Paleos Pantelis,R.Grcija“ беше Методија Ичев, атлетичар од Богданци.
Тој трасата од 54 километри со елевација од 2.800 метри надморска висина ги истрча за време од 8:14:09 часа.
Ова е извонредно достигнување за гевгелиските атлетичари, за членовите на клубот АК „7 Ноември“ и како што вели Драган Ристов „генерални тренинг подготовки за настап на трките од годинашниот „November Run Gevgelija“.
Честитки за сите учесници и нивното достигнување. Секој спортски успех е презентација на спортските сили на Гевгелија и Македонија.