Вчерашниот неделен ден се случи тешка сообраќајна несреќа на локалниот пат с.Стојаково – с.Богородица.
Сообраќајката е пријавена на 03.11.2024 во 13:45 часот во Полициската станица Гевгелија.
Било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „Сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 18 годишната жителка на Стојаково Е.Д.. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.