Моќно езерско синило распослано на 43,1 km2 е вистинска гозба за езерските птици кои овде го наоѓаат сервираниог ручек од природната фауна на езерото.
Вака функционира природата, мирно, взаемно, во хармонија, оставајќи ја Дојранската магија и понатаму актуелна за посетителите и од небото, и од земјата, и за птиците кои овде презимуваат, и за викенд гостите кои доаѓаат да ја вдишат оваа убавина и да ги вкусат дојранските езерски специјалитети.
Време е за ручек – трпезата е поставена на 10 км должина и 7 км ширина eзерска површина.