четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Дојран денеска одбележа 80 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Денеска, со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци за време на НОБ против фашистичкиот окупатор започнаа одбележувањата на 80 годишнината од ослободувањето на Дојран

ноември 5, 2024
in ФОКУС
Дојран денеска одбележа 80 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор
0
SHARES
63
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

НИЕ СЕ ВТЕМЕЛИВМЕ, ВИЕ ГРАДЕТЕ!

Oва е заветната порака испишана на споменикот на паднатите борци од НОБ поставен во центарот на Нов Дојран.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Денеска, со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци за време на Народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор започнаа одбележувањата на 80 годишнината од ослободувањето на Дојран, на денешниот победоносен ден, 5 ноември 1944 година.

На одбележувањата присуствуваа бројни граѓани, ученици, фолклористи, рецитатори, претставници од локалната самоуправа сите со благодарност за делата на борците партизани, загинаите во НОБ, за нивната младешка храброст, истрајност и човечност која ја покажале тогаш кога било најпотребно.

Цвеќе пред споменикот на падатите борци од Дојран во НОБ, поставен во центарот на Стар Дојран

Учениците од ООУ “Кочо Рацин”-Нов Дојран трчаа крос во чест на празникот, а подоцна најбрзите од учесниците беа и наградени. Награда за особен успех и промоција на Дојран доби ученичката Јана Бошнакова за освоено трето место на државен натпревар по предметот Природни науки.

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ учествуваа на улични трки

Во истиот дух, плакети и благодарници за особен придонес, промоција и поддршка на Дојран добија Н.Е Грегор Прескер, Амбасадор на Р. Словенија во Р. С. Македонија, Доброволното противпожарно друштво – “Дојран”, Фудбалскиот Клуб “Дојранско Езеро”- младински категории и Фолклорниот ансамбл “Мегдан”.

Младите фолклористи од Дојран, освен добиената Благодарница за особен придонес во промоцијата на Дојран настапија пред своите сограѓани на свеченостите по повод Денот на општината – 80 години од ослободувањето на Дојран.

Добрила Чабриќ настапи во Музејот на Дојран

Прославата беше надополнета со прекрасниот глас и изведба на почитуваната дојранска граѓанска, пензионерка, но неуморен естраден промотор на македонската песна и убавините на Дојран, госпоѓата Добрила Чабриќ.

Честит и вековит 5ти Ноември – денот на ослободувањето на Општина Дојран!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПРАВИЛНИК за однесување на родители и деца за време на детската трка „November Run“ во Гевгелија

Next Post

ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТПРАЗНИЧНО

Next Post
ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТПРАЗНИЧНО

ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТПРАЗНИЧНО

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Волшебната куќа на желбите ги прими првите честитки од децата од Гевгелија

Волшебната куќа на желбите ги прими првите честитки од децата од Гевгелија

2 години ago
Хуманитарен Базар на Здружението „Православна жена“

Хуманитарен Базар на Здружението „Православна жена“

3 години ago
Давид Аврамоски од КК „Армор“ Гевгелија освои СРЕБРЕН медал на Државно првенство во карате

Давид Аврамоски од КК „Армор“ Гевгелија освои СРЕБРЕН медал на Државно првенство во карате

1 година ago
ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ – Комерцијалист за продажба

ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ – Комерцијалист за продажба

3 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist