Во пресрет на Денот на општината, Денот на ослободувањето на Гевгелија, 7 ноември, градот на југот ги започна осумдневните празнични чествувања.
Се одржа брзопотезен шаховски турнир, се отвори етнолошка изложбена поставка во Народниот театар, а вечерва гостуваше НУКЦ “Трајко Прокопиев” од Куманово со претставата “Како што сакате/ Ноќ спроти Водици”.
Во ваква темна ноемвриска ноќ точно пред 80 години Гевгелискиот партизански одред “Сава Михаилов” ги правел последните подготовки на Кожуф планина за утрешното влегување на територијата на Гевгелија и нејзино ослободување од фашистичкиот окупатор, а на 7 ноември 1944 воспоставена е народна власт.
Спиј слободно граду наш убав, спиј слободна Гевгелија!
Фото: Шеталиштето во центар на Гевгелија