Спортскиот настан „November Run“ што се организира викендов во Гевгелија ќе собере над 2.000 натпреварувачи и неколку илјадна публика поради што организаторот АК „7 Ноември“ од Гевгелија изготви ПРАВИЛНИК за однесување на децата и родителите учесници на детската трка.
Целата содржина на Правилникот и известувањето од организаторот Ви ги пренесуваме интегрално:
Драги родители и деца,
Ве известуваме за Правилата и Упатствата за однесување за време на детската трка која се организира во сабота, на 9.11.2024 година, во Гевгелија:
Категории поделени спрема возраста на децата
Категориите се определени според годината на раѓање на децата и поделени се во три возрасни групи:
– Категорија 1 – возраст од 11 до 14 години, или родени 2011 до 2013 година, со старт во 14:30 часот;
– Категорија 2 – возрастод 7 до 10 години, или родени од 2004 до 2017 година, со старт од 15:00 часот;
Напомена!!! Поради големиот број на деца учесници во категорија 2 сартот ќе биде разделен на машки и женски, додека рангирањето ќе биде во единствена листа според постигнатото време.
– Категорија 3 – возраст до 6 години, или родени до 2018, со старт во 15:30 часот.
Подигање на ПАКЕТИ
Подигнувањето на пакетите ќе се реализира во четврток и петок. Пакетите се подигаат во просториите на Пионерски дом во деновите 6 и 7 ноември (четврток и петок) во терминот од 12:00 до 20:00 часот.
Секој родител е должен да ја пополни изјавата за согласност на учество на нивното дете.
Формуларите ќе бидат поставени на маса при самиот влез во Пионерскиот дом. Со пополнета изјава се престројуваат во означената редица на една од трите категории. Нашиот тим на волонтери и организатори ќе бидат распоредени во трите категории кои што ќе доделуваат стартни пакети на родителите.
ОДНЕСУВАЊЕ на родителите и останатите гледачи за време на трката
ЗА СИТЕ КОИ НЕ СЕ УЧЕСНИЦИ ќе биде СТРОГО ЗАБРАНЕТО ДВИЖЕЊЕТО на патеката пред, зад и по трката, исклучок ќе има за најмалата возрасна категорија 3 каде ќе биде дозволено стартување на деца со еден од нивните родители, или придружник.
Децата го трчаат кругот од 1000 метри по веќе утврдена рута. По поминување на Целната линија ќе биде означена тампон зона од 15 метри каде после тоа ќе бидат доделени медали-финишери од групата волонтери задолжени за тоа.
На родителите и другите деца ќе им биде строго забрането движење во тампон зоната поради избегнување на метеж и несакани ситуации. Затоа, се замолуваат истите да ги чекаат децата после линијата на волонтерите кои ќе доделуваат медали-финишери.
ДОПОЛИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕТСКАТА ТРКА
Оваа година ќе учествуваат околу 700 деца како од општина Гевгелија, така и деца од цела Македонија. „Novembar Run“ се стреми да биде најквалитетна детска трка во државата, затоа децата тркачи ќе бидат третирани како вистински професионалци. Како и секоја година, така и годинава во пакетот ќе има стартно бројче со чип кое ќе мери време на трката, а секое дете покрај бројчето ќе добие „draj fit “ маица и медал-финишер по успешно завршената трка.
Напомена: На деца кои не се пријавиле на овогодинешната трка и немаат бројче со чип нема да им биде дозволено да учествуваат и ќе бидат замолени да не се појавуваат на патеката.
Им посакуваме успех на сите деца учесници, одговорност и почитување на правилникот од страна на родителите, за да можеме успешно да го завршиме третото издание на детската трка во Гевгелија.
Со почит
Организационен тим
Атлески клуб „7 Ноември“ Гевгелија