Гевгелија – градот на срдечноста и топлината празнува – 80 години слобода и слободарски живот!
Вака знаеме ние гевгеличани, а во видеото, за убавините на градот на југот, за плодородноста, за домаќинлкот, за знаменитостите ни’ раскажуваат учениците од IV-Г одд. при ООУ “Крсте Мисирков”.
Сценариото е на нивната наставничка Ивана Дојранлиева Џишева, а графичката и видео обработка на Пене Дојранлиев. Помош од возрасните за приказната за убавата Гевгелија да има своја убава слика кај новите генерации, кај новите посетители и пријатели на Гевгелија.
Ве покануваме на неколкуминутна прошетка низ Гевгелија со одбраните локации и парчиња од животот раскажани од умните и вредни ученици.
Нека ти е честит Денот на ослободувањето, 7 Ноември, граду наш!