Река од деца денеска продефилираа низ центарот на Гевгелија, како некогаш, пред точно 80 години, кога партизаните влегувајќи во градот ја ослободија Гевгелија од фашистичкиот окупатор и воспоставија народна власт.
Ослободителите на овој ден 7 ноември 1944 година ја донесоа слободата, а децата денеска ја најавија иднината, полетноста, младоста, еланот, желбата да растат како што расте Гевгелија.
Празнувај граду наш слободарски!
Нека те грее сонцето на слободата довека!
ОСТАНИ СРЕЌНА, ТОПЛА И ГОСТОПРИМЛИВА ГЕВГЕЛИЈА!