Во акција на Граничната полиција од Дојран вчера беше спасено лице од водите на Дојранското езеро
Регионалниот ЦУК од Струмица јавува дека вчера во 11:08 часот добиле пријава дека има лице во езерото кое паднало од чамец и се дави, некаде на средината на езерото.
Веднаш била известена ПС Гевгелија и Граничната полиција во Дојран која била на терен и се упатиле во спасувачка акција.
Лицето е извлечено од водите на езерото живо и здраво, а извлечен бил и неговиот чамец, известуваат од ЦУК.