ВТОРА ИНКЛУЗИВНА ТРКА во ГЕВГЕЛИЈА – “Run together” – ЕДИНСТВЕНА во МАКЕДОНИЈА се одржа во саботата, 9 ноември во Гевгелија.
Стартуваа 800 дечиња и лица со попреченост на трката организирана во рамките на спортскиот настан “November Run 2024” со цел видливост на овие лица, искажување солидарност, хуманост и инклузива во нашата заедница.
Сите се победници на трката!
И спортска и хумана Гевгелија заедно со сите учесници, поддржувачи и присутни гледачи на инклузивната трка “Run together”! Насмевките кажуваат се’! Настанот се одржа во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ и АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
После ова следуваа трките за деца во три возрасни категории. Децата во Гевгелија трчаа 1 км во рамките на спортскиот празничен ден “November Run”. Вака изгледаше стартот:
Ова е трката на најмалите учесници на спортскиот празничен настан „November Run” на возраст родени 2018 и помали. Најмалите спортски сили на Гевгелија истрчаа рекордно лесно и брзо траса од 1 километар низ Гевгелија.
„November Run” и зближува, и спортски поттикнува, и радува со резултатите.
Гевгелија спортска и хумана!
Младите атлетски сили на Гевгелија и Македонија денеска трчаа како стрела, така да напредуваат во животот и во нашата Гевгелија!