Денеска (09.11.2024) кога Гевгелија се’ уште празнува, криумчарите не мируваат, утрово, во раните часови од почетокот на денот лишен е од слобода средновечен жител на Гевгелија.
Во 01:45 часот на локален пат кај место викано „Понов мост Богородица“ полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода лицето Б.М.(51) од Гевгелија.
Причина за приведувањето е пронајдените мигранти во возилото со кое управувал.
Имено, при извршен преглед во патничко возило „Форд Фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени четири лица-мигранти од Либан.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.