Гевгелија денеска недела беше меѓународна атлетска арена – На патеките од 5 и 10 км настапија атлетичари од Македонија, Грција, Шпанија, Кенија, Естонија, Албанија и Еритреја. Соборени се државните рекорди на овие дистанци на стазите на „November Run 2024“ во градот на југот и гостопримството.
Најдобрите на трката од 5 км „November Run 2024“ Гевгелија, во машка конкуренција се:
1. Albert Kipkorir Tonui 1998 KEN BENDEK TEAM 00:14:46
2. Muxhahid Mislimi 1994 MKD Uskana 00:15:26
3. Georgi Gergov 1997 BUL Stratesh Atletik 00:15:32
Победникот Albert го сруши државниот рекорд на оваа патека и доби посебен вредносен ваучер од организаторот за соборениот рекорд.
Најдобро време од гевгелиските атлетичари постигна Влатко Семенаков 18:02 минути и го завзеде 12-то место на ранг листата на патеката од 5 километри. Дека сме на линија на светските атлетски сили зборува податокот што Семенаков беше само 3 минути и 16 секунди побавен од првакот на оваа трка и за толку близу до новиот рекорд на патеката.
Следен со пласман од АК „7 Ноември“ Гевгелија е Насе Епов со време од 18:53 и 19-то место. Следуваат Даниел Анчев (30-ти), Кристијан Марковски (31ви), Стојан Делев (32-ри), Методија Ичев (34-ти), Максим Ангов (35-ти), Антонио Каракабаков (37-ми), Андон Дучков (50-ти), Теодор Граматиков (55-ти), Томче Петков (68-ми), Трајко Арџанлиев (82-ри), Васко Проданов (98-ми) и Пепи Марков ( 100-ти).
Најдолгата трка на 10 км донесе нови изненадувања и нов првак кој го собори државниот рекорд на Македонија на 10 км. А рекордерот доаѓа од Еритреја.
Атлетичарот од Еритреја SEARE WELDEZGHI е ПОБЕДНИК на трката на 10 км од „November Run 2024“ Гевгелија со време од 29:42 минути и срушен државен рекорд на оваа патека.
ВТОРО место го завзеде Kennedy Kipkemoi од Кенија од „Бендек тим“ истиот за кој настапуваше и победничката на 10 км во женска категорија, Валентина Бендек. Тој патеката ја истрча за време од 29:51 мин.
ТРЕТОТО место на подиумот го завзеде македонскиот атлетичар, репрезентативец и олимпиец ДАРИО ИВАНОВСКИ кој патеката ја истрча за 29:56 минути. Тој минатата година беше победник на оваа трка во Гевгелија и државен првак на траса од 10.000 метри. Дарио беше и Македонски олимписки претставник во дисциплината маратон на ЛОИ во Париз 2024.
Најдобар пласман од машките претставници на АК „7ми Ноември“ на оваа трка имаше Мики Петровски со време од 41:43 и пласман на 40-то место од вкупно 100 натпреварувачи во машка конкуренција.
Кимо Арнаудов истрча 54-то време (42:52), а Борче Узунов 58-мо време (43:13).
Две извонредни трки, два соборени државни рекорди, светски атлетски имиња на подиумите, а рамо до рамо се носат и македонските репрезентативни атлетичари, тоа беше сижето на денешниот тркачки и спортско-празничен ден за Гевгелија. Гевгелиските атлетски сили од АК „7 Ноември“ си ја споредија спортската спремност и издржливост со атлетската светска елита.
Гевгелија уживаше во спортскиот настан, градот празнуваше 80 години слобода со спорт, здрави и спремни спортисти, со полетни деца кои се впуштија во спортскиот настан еднакво сериозно како и возрасните.
Убав празнично-спортски неделен ден во Гевгелија.