Шабан Трстена – Олимписки Шампион на Македонија во борење викендов при отварањето на спортскиот настан „November Run“ во Гевгелија додели пехар за „Хуманост и инклузива“ на Фондацијата „Ице Бегов“ и посветената претседателка Елена Бегова за организирање на инклузивната трка во Гевгелија „Run together“.
Со инклузивната трка започна спортскиот дводневен викенд во Гевгелија. На истата настапија 800 лица со посебни потреби, нивни придружници, како од Гевгелија, така и од други градови на Македонија. Трката на хуманоста се организира по втор пат во Гевгелија и е единствена од таков тип во државата.
На посветата од признанието што го додели Трстена стои наведено:
„Чест ми е да ја доделам оваа награда на Елена Бегова која има големо хумано срце со „ЗЛАТЕН ОЛИМПИСКИ ОСКАР“, Фондацијата „Ице Бегов“ под нејзино водство е светилник на хуманитарната мисија која им помага на децата со посебни потреби“.
Шабан Трстена е инаку носител на ОЛИМПИСКО ЗЛАТО освоено точно пред 40 години на Летните олимписки игри 1984 во Лос Анѓелес кога како репрезентативец од Македонија во тогашниот состав на олимписката репрезентација на СФРЈ освојува Шмпионска титула во борење.
Шабан Трстена со неполни 19 години во Лос Анѓелес стана најмладиот олимписки шампион, рекорд кој и ден денес не е соборен во боречките спортови.
Денес има 59 години и се’ уште е со позитивен спортски дух и големо срце кое препознава потреба за помош и инклузива.
Вака изгледаше инклузивната трка одржана во саботата, 9 ноември низ улиците на Гевгелија.