Десетгодишната Ана Бегова и 11 годишниот Максим Ангов годинава учествуваа на трката од 5 км, иако е траса предвидена за сениори тие ја претрчаа како од игра и се пласираа во погорните позиции од ранг листата на учесниците на годинашнава трка „November Run“ во Гевгелија.
Ана Бегова (10 годишна) оствари време од 29:22 минути на трката на 5 км во Гевгелија и пристигна на 48-мо место од вкупно 100 натпреварувачки со генерациски распон родени од 1970 до нејзината година на раѓање 2014. Таа пристигна на целта пред атлетичарки родени 1984-1988 година, 2000-та, 2010-та.
Максим Ангов (11 годишен) пристигна со 35-то време на 5 км трка во Гевгелија. со време од 20:57 минути, победувајќи атлетичари и поголеми од него.
Тој претходниот ден беше втор на трката за деца од 1 километар, а пред него пристигна 12 годишниот Антонио Каракабаков. Во неделата Максим на траса од 5 км како да сакаше да покаже дека пехарот за второ место е спортска среќа, а вистинска траса за него се долгите стази каде победи спортисти и батковци поголеми од него.
За тренерот Т.Анчев ова не е изненадување бидејќи минатиот месец на маратонот во Солун, Максим на трка од 5 км пристигна со 72-ро време од над 5.000 учесници, сениори.
На новата атлетска сила на Гевгелија, членови на АК „7 Ноември“ очигледно ништо не им тежи, ниту годините, ниту малото едногодишно натпреварувачко искуство, за да истрчат смело на атлетскиот ринг и да победуваат. За нивните години ова е секако генерациска победа.
БРАВО деца!!!