Со 20 годишното искуство на сценски настапи, со меѓународни гостувања наградувања, КУД „Негорци“ од Негорци годиниве наназад испишува и организаторски остарувања на Регионални фолклорни смотри за Источниот дел од Македонија.
Неделава на 15 ноември КУД „Негорци“ ќе биде домаќин на традиционалните фолклорни смотри по 9-ти пат. Освен улогата на домаќин тие ја имаат и улогата на организатор на Смотрите со поддршка на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.
На Смотрите ќе настапат:
ФА „Китка“ од с.Истибања, КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово, ФА „Бојмија“ од Гевгелија, КУД „Јане Сандански“ од Ново село, КУД „Младост“ од с.Јосифово, ЗФГ „Копачка“ с.Драмче, Делчево, АТМИ „Митко Алексов“ Кочани, ФА „Љупчо Сантов“ Оризари, КУД „Вера Јоциќ“ Македонска Каменица, КУД „Кирил и Методиј“ с.Иловица и секако домаќините ЗКУД „Негорци“.
Фолклорната вечер со 11 ансамбли ќе се одржи во салата на Народниот театар Гевгелија.
Ако сте за фолклорна вечер и традиција, посетете го настанот со почеток во 18:30 часот.
Инаку КУД „Негорци“ без трема влегува во реализацијата на овој културен настан, спремен да дочека над 300 играорци и гости. Искуството го имаат стекнато во годините од 2015 до 2019 кога беа во континуитет домаќини и организатори на Регионалните фолклорни смотри за Источниот дел на Македонија со поддршка на Општината. После пандемијата се направи пауза. Но, традицијата на вредните фолкористи кои не сакаат да замрат традициите и убавите настани на песна и дружба продолжуваат.