сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Спортските ѕвезди на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Над 140 ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија учествуваа на спортскиот настан „November Run“ во Гевгелија, а четворица од нив станаа носители на четири одличја, дипломи и пехари за најдобро истрчано време

ноември 15, 2024
in СПОРТ
Спортските ѕвезди на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
0
SHARES
278
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Се уште траат импресиите од спортскиот настан „November Run“, а некои освен импресиите се’ уште ги држи возбудата од спортските достигнувања на празничниот тркачки викенд во Гевгелија по повод 80 години од ослободувањето на градот во ВСВ.

Такви импресии чуваат учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија кој освоија четири одличја, дипломи и пехари за своето учество. Тоа се:

Related posts

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025

1. Снежана Алексова – ПРВО место на детската трка од 1000 метри за деца родени до 2018 и помали – време 5:00 минути;
2. Мелани Вацев – ТРЕТО место на детската трка од 1 км, категорија деца родени 2018 и помали – време 5:19 минути;
3. Ѓорге Петров – ТРЕТО место на детската трка во категорија машки родени 2011, 2012 и 2013 година – време 3:38 минути;
4. Хана Климкарова – ЧЕТВРТО место на трката од 1 км, деца родени 2011 до 2013 г – време 4:14 минути.

Снежана и Мелани се најмалите освојувачки на подиум, тие се првоодделенки и имаат само 6 годинки, Ѓорге е 13 годишен и посетува настава за 8-мо одделение, а Хана е 11 годишна  6-то одделенка.

Снежана, Мелани, Ѓорге и Хана со своите наставници по физичко образование

Инаку, во општинска конкуренција Хана е носител на второто време од трката за деца во нејзината генерација, бидејќи на подиумот на првите две места се искачија девојчиња од Скопскиот атлетски клуб „Кираџиев тренинг систем“ кои беа за 19-20 секунди побрзи од Хана. Ноемвриските трки во Гевгелија привлекоа спортисти од многу градови во државата, особено детските трки, а во сениорска конкуренција привлекоа учество на спортисти и од други држави и континенти.

Заедно со спортските ѕвезди од „Крсте Мисирков“ на спортскиот настан „November Run“ во Гевгелија учествуваа вкупно 140 ученици од истото училиште, заедно со своите наставници за физичко воспитување и здравје.

Бидејќи ова е достигнување кое вреди да се запамети во училишниот двор децата ученици-тркачи направија заедничка фотографија со освоените трофеи, со клубското знаме на спортската манифестација, со своите наставници и секако насмевките радосници.

– „Како наставници по физичко и здравствено образование, горди сме на сите наши ученици кои покажаа сила, издржливост и спортски дух на натпреварот. Вие сте нашата инспирација и потсетник дека со труд и упорност, се е возможно. Мило ни’ е што сите наставници по физичко учествуваме во овој спортски настан и дадовме подршка на истиот“ – велат наставниците по физичко образование и здравје при ООУ „Крсте Мисирков“

Наставниците по физичко образование од лево на десно – Стојан Дојчинов, Живко Старделов, Звонко Бучков, Мицко Алексовски и Горѓи Мандалов

Наставниците оформија Училишен спортски клуб „Училишни спортски ѕвезди“ од Гевгелија и овде на креираната група на социјалните мрежи ги промовираат достигнувањата во спортот на младите јуниори од југот.

– „Основна цел на клубот „Училишни спортски ѕвезди“ е зголемување на бројот на учениците кои учествуваат во физички активности и спортски настани. На нашата страна ги објавуваме сите спортски активни ученици, како и активности кои ги нудиме на децата, се’ со цел што повеќе учениците да опфатиме со физичка активност“ – велат наставниците од ова училиште.

Сите на трчање на масовниот спортски настан „November Run 2024“ Гевгелија – ученици со наставниците од ООУ „К.Мисирков“

Браво за ангажманот! Браво за трудот, за мотивацијата, за спортската поддршка на децата, за резултатите кои ги постигнуваат и сега и во иднина!
Со здрави деца се создаваат темелите за здрава иднина, а со спортот тоа секако ќе значи активација и грабење напред кон успехот понатаму во животот!

ShareTweetShareSend
Previous Post

МВР: Приведен гевгеличанец, приведен и Косоварец на територијата на опш.Гевгелија

Next Post

Интервју со Игор Kоцевски и Дарко Прошевски – дел од организациониот тим на „November Run“

Next Post
Интервју со Игор Kоцевски и Дарко Прошевски – дел од организациониот тим на „November Run“

Интервју со Игор Kоцевски и Дарко Прошевски - дел од организациониот тим на „November Run“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“

3 недели ago
Во чест на Свети Пантелејмон, заштитникот на с.Ума, гевгелиско

Во чест на Свети Пантелејмон, заштитникот на с.Ума, гевгелиско

11 месеци ago
Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

11 месеци ago
Доделена ПЛАКЕТА за „Најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година“ на Ана Бегова

Доделена ПЛАКЕТА за „Најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година“ на Ана Бегова

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist