Во вчерашниот инцидент на македонските железници, товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“. Несреќата се случи околу 21:37 часот, по што сообраќајот во тој дел беше целосно прекинат.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Скопје, за среќа нема повредени лица. На терен веднаш се упатени екипи на Македонски железници кои работат на отстранување на последиците и нормализирање на сообраќајот.
Патниците и товарните возови кои патуваат преку овој дел на трасата се предупредени на прекините, а се очекува сообраќајот да се нормализира во најскоро време.
Вчера, само што МЖ најави пуштање на возната линија на релација Скопје-Гевгелија-Скопје, истиот ден од синоќа, поради несреќниот инцидент, железничкиот сообраќај е во прекин за користење железнички превоз за патувањата на жителите од југот до метрополата на Македонија.
Фото: Архива