„Имам право на слободно изразување на моите мисли, желби и интереси, имам право на образование кое ќе ги поттикне моите најдобри особини”.
Ваква порака со срце испишано со нивните имиња упатија денеска второодделенците од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци со својата наставничка Сузана Попова и на креативен начин го одбележаа Светскиот ден на детето.
Целиот свечен Ден на детето го поминаа во цртање и песна: „Жолта, или зелена, розова или црвена, сина портокалова, сива и кафеава, дали виолетова, бела, цртам, играм јас“.
Светот шарен да биде, ајде да го обоиме!“
Така пеат децата од ООУ „Ристо Шулкев“ по повод Светскиот ден на детето 20 ноември
На овие весели и безгрижни дечиња, ученици, и на сите деца и ние им посакуваме среќно детство и многу обоени и остварени соништа!