Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка беше нашата претставничка на изборот за „Мис Еуроазија“, што се одржа во Анталија, Турција. Таа на овој избор се закити со титулата „Кралица на Европа“, а претходно ја има претставувано Македонија и на изборот за „Мис Универзум“.
Јулијана има 26 години, висока е 174 сантиметри и со својот стас го убеди жирито дека е најубавата Европејка.
Нејзината убавина е нешто што не можеме да го игнорираме, а она што ја прави уште попривлечна е и нејзината љубов кон Македонија. Таа гордо го развеа знамето, откако ја доби наградата и покажа какви убавини крие нашата земја.
Ова е 10-ти јубилеен избор на „Мис Евроазија“, а Јулијана учествува на истиот прв пат и се закити со круна „Кралица на Европа“.
На круната и’ стојат иницијалите QE. Еве го моментот на крунисувањето на пратилките на најубавата и победничка на изборот:
Посакуваме уште многу успеси на ова наше македонско девојче.