Златно-жолта и ветровита, таква е Гевгелија денеска.
На Кожуф се белее, од Караорман градот се сјае, дрвјата уште ги чуваат лисјата жолто, зелени, златно-борди како новогодишни лампиони, ветрот сите ги посетува, ама ете уште им е мерак да се лелеат на ноемвриското сонце и му одолеваат.
Вчера наврна 6,2 литри дожд на 1 метар квадратен, колку ли ќе биде тоа доволно да се одржи природата зелена, да не и’ потклекне на есента?
Music: This is not some unrealistic dream
Musician: Konstantin Tyufyakin