понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелиската винарија „Миов“ со два медала на „Wine Vision“ Белград 2024

Ристо Миов, сопственик на винаријата „Миов“ од Гевгелија и годинава ја заокружува производната и саемска сезона со освојување на нови медали за квалитет

ноември 24, 2024
in ФОКУС
Гевгелиската винарија „Миов“ со два медала на „Wine Vision“ Белград 2024
0
SHARES
973
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ристо Миов, сопственик на винаријата „Миов“ од Гевгелија и годинава ја заокружува производната и саемска сезона со освојување на нови медали за квалитет.

На годинашниот вински сем „Wine Vision“ што се одржува од 22 до 24 ноември во Белград тој денеска се пофали дека нивните вина освоиле два медала, еден златен и еден сребрен.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Годинава на саемот има 532 учесници од 45 земји од светот. Само од Македонија се претставуваат 24 винарии, а меѓу нив и гевгелиската винарија „Миов“ на Ристо Миов.

Вино „Вранец“ одбрана селекција 2022

Тој се претстави со својата винска продукција: „Монограм“ од бербата 2021, „Симфонија“ произведено 2021, „Империум 2020, „Вранец“ 2020, „Вранец & Каберне Совињон“ 2022, „Вранец“ 2023 и белото вино „Темјаника“ произведено 2023 година. Неговата годишна продукција е 10.000 литри вино.

Виното „Вранец & Каберне Совињон“ од берба 2022 година годинава освои сребрен медал на Балканскиот вински саем 2024 година, Сребро освои и црвеното вино „Вранец“ од 2022 година. Новоосвоените медали за квалитет на вината на винарија „Миов“ се само потврда на резултатите кои траат.

Достигнувањето на Ристо Миов е дотолку поголемо што се изборува за медал за квалитет меѓу 45 светски земји, над 500 учесници, кои изложуваат по неколку врсти на вина, што значи вкусот и квалитетот се препознаени меѓу 20-30.000 примероци на вино.

Честитки за винарија „Миов“ и да знаете што ново треба да пробате за крајот од оваа година – победничките вина од винаријата на Ристо Миов и за ведар и величествен дочек на Новата година!

Ристо Миов на саемскиот штанд на винарија „Миов“ на „Wine Vision“ во хала 2A

Саемот се организира по трет пат, под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Целта на саемот е да се прослави занаетот на мајсторите во производството на најдобрите вина и да се промовира уникатна комбинација на вкусови и ароми кои го претставуваат духот на Балканот, неговата географија и изобилството на сорти, како и начинот на размислување на оние кои уживаат во вината што доаѓаат од овој и од другите региони.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Средношколци од Гевгелија освоија 5-то место на Државно првенство во пинг-понг

Next Post

Узунова и Ичев настапија на „Струмина треил 2024“

Next Post
Узунова и Ичев настапија на „Струмина треил 2024“

Узунова и Ичев настапија на „Струмина треил 2024“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ФФМ одлучи: Двегодишни суспензии  за Георгиевски и Ѓоргиев од ФК „Кожуф“

ФФМ одлучи: Двегодишни суспензии за Георгиевски и Ѓоргиев од ФК „Кожуф“

3 месеци ago
Акцијата  „Слатки крофни за Луна“ продолжува

Акцијата „Слатки крофни за Луна“ продолжува

2 години ago
Марш со молк во Кочани под мотото: „Молкот зборува најгласно“

Марш со молк во Кочани под мотото: „Молкот зборува најгласно“

5 месеци ago
11 Декември – Светски ден на планините

11 Декември – Светски ден на планините

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist