Учениците средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија Марјан Радински и Ивана Груиќ зедоа учество на Државното првенство во пинг-понг меѓу средните училишта во државата, кое се одржа неделава во Тетово. Тие беа единствени претставници од Гевгелија на овој натпревар.
Во конкуренција од 50 ученика-натпреварувачи и Марјан, и Ивана, поединечно освоија 5-то место. Тие се натпреваруваа во 8 групи и одиграа 4 натпревари во еден ден.
Марјан е ученик на Прва година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Негов професор по физичко е Влатко Семенаков, инаку и самиот спортист и, вели дека во Марјан има голем потенцијал за спорт, ако продолжи понатаму да тренира.
Ивана Груиќ е ученичка од IV година од истото средно училиште. Освен носителка на 5-то место на ДП во пинг-понг за средни училишта, таа е Државен првак во тенис три години по ред. Нејзин тренер е професорот по физичко образование Влатко Семенаков кој изјави дека Ивана е талентирана, и ја подготвува за настап во женската лига во тенис.
Државното првенство во пинг-понг за средни и основни училишта се одржа неделава во Тетово во солидна организација и добра натпреварувачка атмосфера.
Им честитаме на нашите претставници за успехот.